Што изгуби мојата земја од реализацијата на целосната еднаквост за сите нас и од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор? Што изгуби мојата земја со тоа што стана поверна кон сите граѓани?, реторички праша Груби, на што потоа сам си даде одговор:„Н е изгуби ништо, доби многу“
Охридскиот Рамковен Договор одигра многу важна улога во трансформацијата на Северна Македонија, што ја направи функционална мултиетничка демократија и ја претвори во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан, рече првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на панел на „Преспа форумот за дијалог“ посветен на Охридскиот рамковен договор.

Но, тука им оддаде признание на европските партнери и aмериканските пријатели, како што рече, без кои, земјата тешко ќе чекореше напред.
„Ние сме поверни откако државата започна да промовира еднаквост и лојалност кон сите подеднакво. И сето тоа беше постигнато во тесно партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ. Тоа е заедничка успешна историја што ќе ја прославиме и обележиме заедно на 13 август. Би сакал да ја искажам својата најдлабока благодарност до сите национални лидери и пријатели од меѓународната заедница, некои денес се дури и присутни тука со нас, некои не се тука, но сите тргнавме по овој тежок пат, заедно пред 20 години и остануваме заедно на патувањето кон мирот, просперитетот, развојот и интеграцијата. Патување на кое има уште многу работа за да се реализира“,
рече Груби.

Што изгуби мојата земја од реализацијата на целосната еднаквост за сите нас и од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор? Што изгуби мојата земја со тоа што стана поверна кон сите граѓани?, реторички праша Груби, на што потоа сам си даде одговор:
„Не изгуби ништо, доби многу“.
За Охридскиот Договор рече дека означува крај на една ера и еден нов почеток, додавајќи дека цела една генерација порасна од 2001 година.
„Можеби, ако не беше спроведен Охридскиот Договор, немаше да биде реализиран ниту Преспанскиот Договор“, заклучи Груби и ги повика лидерите од регионот да ги користат Охридскиот и Преспанскиот Договор како примери за да пристапат, како што рече, смело кон споровите што ги имаат, бидејќи смелоста се исплатува и е гаранција за генерациите што доаѓаат“,
истакна Груби на панелот на кој меѓу присутните ба и лидерот на ДУИ АЛи АХмети и градоначалничката на Тетово од редовите на ДУИ Теута Арифи.
