На оваа средба Груби и Кондурос, меѓу другото, разговараа и за регионалните актуелности, особено за отворените спорови на Западен Балкан, но и го нагласија промовирањето стабилност на целиот Западен Балкан преку билатералното пријателство на Северна Македонија и Грција
Амбасадорот на Република Грција во земјава, Русос Кундурос, на првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби на денешната средба му ја пренесе силната поддршка од грчката држава во однос на надминувањето на спорот со Република Бугарија и за почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

За време на средбата Груби и Кундурос оценија оти интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ е дополнителен придонес за регионалната стабилност и дополнителна можност за имплементација на европските стандарди, а со тоа и развој на целиот регион.
Првиот вицепремиер Груби и амбасадорот Кундурос заеднички констатираа дека решавањето на спорот меѓу Република Северна Македонија и Република Грција со потпишувањето на Преспанскиот Договор, отвори големи можности за развојот на односите меѓу двете земји.
На оваа средба Груби и Кондурос меѓу другото разговараа и за регионалните актуелности, особено за отворените спорови во Западен Балкан, но и го нагласија промовирањето стабилност на целиот Западен Балкан преку билатералното пријателство на Северна Македонија и Грција.