Децата на возраст од 15 до 17 години, односно родените пред 1 јануари 2006 година, од следната седмица ќе можат да закажат термин, а во понеделник ќе бидат соопштени деталите
Комисијата за вакцинација на Грција даде позитивно мислење за доброволна вакцинација на децата од 15 до 17 години со согласност од родител или старател, а следната седмица ќе биде отворена платформата за закажување термин, соопштија претседателката на комисијата Мариа Теодориду и генералниот секрар во Минстерството за здравство Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција, јави МИА од Атина.
Теодориду, анализирајќи ги научните податоци поврзани со вакцинацијата на децата, рече дека безбеден чекор кон нормалност е вакцинацијата на младите и соопшти дека ставот на комисијата е позитивен, а ќе се користат вакцините „Фајзер“ и „Модерна“.
Темисоклеус, пак, објасни дека децата на возраст од 15 до 17 години, односно родените пред 1 јануари 2006 година, од следната седмица ќе можат да закажат термин, а во понеделник ќе бидат соопштени деталите.