Според официјалните податоци денеска има 5 449 заболени и 52 починати
Рекорден број новозаразени со коронавирусот е регистриран во Грција во изминатите 24 часа, дури 5 449, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата, соопштија денеска грчките власти.
Во текот на претходниот ден од ковид-19 починале 52 лица, така што вкупниот број на починати досега е 15 990, објави Ројтерс.
Вкупниот број на заразени со коронавирус во Грција од почетокот на пандемијата е 747 595.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому рече дека има притисок да се зголеми вакцинацијата, која се движи со побавно темпо отколку што очекуваа властите.
„Сè уште не сме завршиле. Се додека има невакцинирани луѓе, вирусот наоѓа погодна почва за ширење“,
изјави тој на прес-конференција.
Во Грција 60,5 отсто од населението е вакцинирано против коронавирус, додека просекот во Европската унија е 64,7 отсто