Грчката влада засега останува на одлуката за отворање на границите на 1 јули, потврди портпаролот Стелиос Пецас за МИА.
„Ги следиме епидемиолошките карактеристики во сите земји и за среќа гледаме поклопување на епидемиолошките податоци во многу од земјите од Европската Унија и од соседните земји. Но, постојат некои во кои има пораст. Постојат и трети земји, надво од Европската Инија и надвор од шенген-зоната. Според тоа, ја следиме ова разврска. Во консултација сме властите од Европската Унија. Засега остануваме на нашиот основен план“,
рече Пецас на денешниот редовен брифинг.
Одговарајќи на новинарските прашања во однос на информациите дека Европа размислува наместо на 1 јули да ги отвори границите за одредени земји подоцна, Пецас објасни дека планот на Атина е познат и јавно соопштен, но и дека е план што континуирано се ажурира во соработка со европските власти.