На листата за приватизација се пристаништата во грчките градови Александрополи, Кавала, Волос, Игуменица и Патра, пристаништата Рафина, Лаврио и Елевсина кои се во близина на Атина, како и едно на островот Крф и едно во Ираклио на Крит
Министрите за финансии и поморство на Грција ја изразија политичката волја на владата и дадоа зелено светло Фондот за користење на државен имот (ТАИПЕД), кој е надлежен за приватизациите, да продолжи со процедурата за објавување меѓународен повик за избор на инвеститори за 10 регионални пристаништа, соопшти грчкото Министерство за финансии, пренесува МИА.
Планирано е да се приватизираат пристаништата во грчките градови Александрополи, Кавала, Волос, Игуменица и Патра, пристаништата Рафина, Лаврио и Елевсина што се во близина на Атина, како и едно на островот Крф и едно во Ираклио на Крит.
„На овој начин, секое пристаниште ќе стане стане столб на локалниот развој, со повеќекратни придобивки на ниво на инвестиции, создавање работни места и зголемено трговско движење на регионално ниво. Од големо значење ќе бидат и општите придобивки за Грција, како на економско ниво, со зголемување на јавните приходи, така и на геостратегиско ниво, преку зголемување на меѓународната трговија преку нашата земја“, соопштија од Министерството.