Дозволено ќе биде стоење и танцување во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо десет како што беше досега, а по пауза од две години дозволено е организирање училишни екскурзии
Поголемиот дел од мерките во Грција воведени пред Нова година, постепено се укинуваат.
Дозволено ќе биде стоење и танцување во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо десет како што беше досега, а по пауза од две години дозволено е организирање училишни екскурзии, јави МИА од Атина.
Одлуките попладнево ги соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, по конкретните препораки од комисијата на епидемиолози по денешниот состанок, а мерките ќе стапат во сила в сабота.
Во изминатите 24 часа во Грција беа потврдени 19 509 нови случаи на ковид-19, од направени 331 538 тестови, а починаа 82 лица.
Од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани вкупно 2 235 920 случаи на ковид-19 и 25 001 починати лица.