Најмалку два метра растојание меѓу справите, но и меѓу лицата кои се дел од групните тренинзи, ограничен број посетители, задолжителна регистрација пред влезот, антисептици, задолжително носење заштитни маски за вработените, се дел од упатствата и правилата под кои од денеска започнуваат со работа фитнес -центрите во Грција по тримесечна пауза.
Дозволениот број на лица е во зависност од големината на фитнес центарот, но не смее да биде над 50 отсто од капацитетот. Ограничувања има и за соблекувалните, до четири лица на 20 метри квадратни, а за секои десет метри квадратни по едно лице и произволна употреба на маска. Заштитната маска е задолжителна за сите вработени.
Секој посетил на фитнес – центрите, освен потребното растојание, треба да има свој пешкир, задолжително да ги дезинфицира рацете пред и по секоја вежба, а со антисептик ќе треба да ја исчисти и справата пред секоја употреба.