Мерката за задолжителен превентивен карантин од 14 дена за патниците од сите националности кои од која било меѓународна дестинација пристигнуваат во Грција е продолжена до 31 мај, објави МИА од Атина.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција во соработка со Министерството за здравство и цивилната заштита издаде конкретни упатства за патниците кои авионски пристигнуваат во земјата, а исклучок се транзит-летовите, државните летови, здравствените, хуманитарните, воените, карго-летовите, како и летовите на Фронтекс.
Според оваа одлука, до 14 јуни годинава привремено се забранети летовите од и кон Грција од Северна Македонија, Албанија и Турција, а за авионското поврзување со Италија, Шпанија, Велика Британија и Холандија, забраната важи до 31 мај 2020 година.
Наместо како што беше претходно најавено на 25 мај, Грција вчера, ги отвора трговските центри, а една недела порано ќе се отворат и кафулињата и угостителските објекти.
Од викендов се отворени 515 плажи за домашните туристи, а владата најави дека првите странски туристи ќе ги прими на 1 јули.
На почетокот на неделава се отворени најголем дел од продавниците.