Пред неколку месеци, поточно на крајот на минатата година, Грковска и Јовески се најдоа во фокусот на јавноста поради отворениот судир што избувна меѓу нив, кога двајцата си разменија „вербален оган“ во врска со успехот на функциите што ги извршуваат. Тогаш Грковска во гостување на „Топ тема“ рече дека Јовески не треба да биде избран за уставен судија затоа што не го постигнал доволно како државен јавен обвинител. Тој, пак, ѝ возврати со писмена реакција го оцени нејзиниот став како неосновани, паушални и неточни, а функцијата која ја извршува – непотребна
Вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ги „закопаа секирите“ и денеска одржаа работна средба на која, како што соопштија од Владата, разговарале за активностите на Јавното обвинителство околу имплементацијата на забелешките во Извештајот на Европската комисија.

Пред неколку месеци, поточно на крајот на минатата година, Грковска и Јовески се најдоа во фокусот на јавноста поради отворениот судир што избувна меѓу нив, кога двајцата си разменија „вербален оган“ во врска со успехот на функциите кои ги извршуваат.
За потсетување, Грковска во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека нејзин личен став е дека Јовески не треба да биде избран за уставен судија затоа што не го постигнал доволно како државен јавен обвинител.
„Не сметам дека треба да биде уставен судија. Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија“,
изјави Грковска на 9 декември, минатата година.
Одговорот од Јовески пристигна веќе следниот ден. Јавниот обвинител преку писмена реакција истакна дека оценките за неговата работа од страна на вицепремиерката се неосновани, паушални и неточни. Покрај тоа, Јовески оцени и дека функцијата која ја извршува Грковска е непотребна.
„Можеби и мое лично мислење е дека ќе биде подобро и поцелисходно доколку издвоените финансиски средства за функционирање на Кабинетот задолжен за политики за добро владеење се искористат за поефикасна борба против корупцијата, наместо да се трошат за дебати и конференции со занемарлив ефект, но како носител на функцијата јавен обвинител немам право јавно да ја промовирам оваа лична теза, бидејќи Владата сметала дека е потребно вакво тело“,
напиша Јовески во реакцијата.
Што се однесува до денешната средба, на неа Грковска изразила подготвеност, во рамки на своите надлежности за доброто владеење и унапредување на владеењето на правото, да даде поддршка на активностите на Јавното обвинителство со цел да се надминат нотираните предизвици во Извештајот на ЕК.
„Кабинетот е отворен за соработка со сите надлежни институции за потребата од зајакнување на внатрешните механизми и се залага за воспоставување на мерит-систем во сите институции“,
се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Таа потенцирала дека јакнењето на интегритетот во правосудниот систем е клучен за јакнење на довербата во правосудството, но и за обезбедување правда и правичност.
„На обуките за интегритет, но и на сите други обуки треба да се гледа како на инвестиција. Обуките треба да бидат дел од мерит системот, односно треба да се мери ефектот од обуките преку вреднување на бројот на предмети во кои било применето стекнатото знаење“,
истакнала Грковска.

Јавниот обвинител Јовески, пак информирал дека веќе се преземени конкретни чекори согласно препораките на Европската комисија, меѓу кои и ставање во целосна функција на четирите истражни центри во земјава.
„Тој се осврна на внатрешни механизми на јавното обвинителство во насока на етичко и професионално постапување на јавните обвинители, како и на донесениот правилник за оценување на работата на јавните обвинители. Во насока на континуирана модернизација на процесите и подобрување на севкупната функционалност на Јавното обвинителството и сите други институции, на средбата беше истакната и потребата од обезбедување софтверски решенија и соодветен технички кадар заради целосно и непречено функционирање на интероперабилноста“,
информираат од Владата за средбата.
Инаку, во Извештајот на Европската комисија кој беше објавен на 12 октомври, минатата година во дело за борбата против криминалот и корупцијата, меѓу другото беше нотирано дека дополнителни човечки, но и финансиски ресурси треба да се стават на располагање на јавното обвинителство, истражните центри и институциите задолжени за истрагите за корупција“,
„Треба да се направи повеќе за да се подобри ефикасноста на спроведувањето на законот во борбата против одредени форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал. Истражните центри при основните јавни обвинителства треба да се зајакнат за да ги постигнат своите цели – зголемување на ефикасноста во истрагите и подобра координација меѓу обвинителствата, полицијата и другите релевантни институции“,
се наведува во Извештајот на ЕК за чии препораки денеска разговарале Грковска и Јовески.