Поради епидемиолошките мерки, досега беше дозволен премин само преку „Деве Баир“, додека преку ГП „Ново Село“ и „Делчево“ беше дозволен само товарен сообраќај
Со наредба од 14 јуни на бугарскoто Министерство за здравство, за граѓаните што влегуваат во Бугарија, се отвора и граничниот премин „Златарево“, објави бугарската новинска агенција Фокус.
На граничниот премин е отворена и канцеларија на Регионалната здравствена инспекција која е задолжена за следење на обезбедувањето на потребните документи за влез во земјата, кои се воведени со сегашната наредба на бугарското Министерство за здравство.
На овој начин ќе се олесни патничкиот сообраќај од Македонија кон Бугарија затоа што, поради епидемиолошките мерки, за престој во земјата досега беше дозволен премин само преку ГП „Деве Баир“, додека преку ГП „Ново Село“ и „Делчево“ беше дозволен премин само за товарен сообраќај и за оние што транзитираа низ Бугарија, што создаде тешкотии при патување на македонските патници кон Бугарија.
