На крајот на 2019 година Србија и Северна Македонија потпишаа договор за воспоставување нов заеднички граничен премин Миратовац-Лојане. Во февруари минатата година српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија прави сè за да го отвори новиот граничен премин Миратовац-Лојане, дека има значителен интерес од Албанците кои живеат од другата страна на српската граница овој премин да се отвори, „но дека тоа е не е едноставна и лесна работа“
Српската републичка дирекција за имот објави дека на 9 мај ќе биде распишан тендерот за изработка на планска документација за седум гранични премини, меѓу кои е и граничниот премин Миратовац-Лојане со Северна Македонија.
Според бизнис-порталот „Екапија“, како што пренесе МИА, станува збор за граничните премини Јаша Томиќ, Калуѓерово, Келебија, Ѓердап 1, Јабука, Љуба и Миратовац-Лојане.
Сите споменати гранични премини се веќе постоечки, па се претпоставува дека за нив ќе се направат проекти за реконструкција, освен за граничниот премин Миратовац-Лојане кој целосно треба да се изгради.
На крајот на 2019 година Србија и Северна Македонија потпишаа договор за воспоставување нов заеднички граничен премин Миратовац-Лојане. Во февруари минатата година, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија прави сè за да го отвори новиот граничен премин Миратовац-Лојане, дека има значителен интерес од Албанците кои живеат од другата страна на српската граница овој премин да се отвори, но нагласи дека тоа е не е едноставна и лесна работа.
„Не поради политички причини, туку затоа што треба секојдневно да плаќате луѓе кои ќе работат, тоа се наши зголемени трошоци, а ние бараме да ги намалиме трошоците, но не грижете се, и таа работата ќе ја завршиме“,
кажа Вучиќ.