Дигитализацијата на мерните системи ќе придонесе да се зголеми довербата, односно да се елиминираат долгогодишните дилеми кај потрошувачите дали сметките за струја се реални или се пресметани врз основа на претпоставена потрошувачка
Дигитализацијата во енергетскиот сектор ќе стави крај на дилемите кај граѓаните дали сметките за струја се реални или паушални, информираат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Оттаму додаваат дека следен чекор во унапредување на овој дел е воведувањето паметни броила (smart meters), кои ќе можат да се следат онлајн и преку мобилен телефон во реално време.

Воведувањето на оваа новина денеска ја соопшти Апостолчо Рамов, раководител на Секторot за информатичка технологија и статистика во РКЕ, кој учествуваше на Третата конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора, посочувајќи дека Законот за енергетика е во сила, а операторите за пренос и дистрибуција на електрична енергија имаат обврска да изработат анализа за воведување паметни мерни системи.
„Во овој момент се прави техничка анализа. Целта е секој граѓанин сам преку свој мобилен уред или онлајн да следи како оди потрошувачката“,
рече тој.
Според него, дигитализацијата на мерните системи ќе придонесе да се зголеми довербата, односно да се елиминираат долгогодишните дилеми кај потрошувачите дали сметките за струја se реални или се пресметани врз основа на претпоставена потрошувачка.
„Со воведување на паметните броила граѓаните ќе знаат колку трошат и за што плаќаат“,
кажа Рамов.
Од РКЕ велат дека воведувањето паметни броила е еден од клучните чекори во процесот на дигитализација во енергетскиот сектор, со цел да се создадe стабилен, модерен и транспарентен систем во земјава.
