Оттаму ги повикуваат сите даночни обврзници, како правни и физички лица, што немаа платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса за фирмарина, да ги подмират своите даночни обврски во најкраток временски период
Граѓани и компании за период од 2020 до 2025 година имаат долг кон Град Скопје во износ од преку 36 милиони евра за даноци и такси, информираат од градската управа. Оттаму ги повикуваат сите даночни обврзници, како правни и физички лица, што немаа платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса за фирмарина, да ги подмират своите даночни обврски во најкраток временски период.

„Даноците на имот и комуналните такси се основните извори на приходи на Градот Скопје. Средствата остварени од овие приходи овозможуваат финансирање на основните функции на Градот, изведба на инфраструктурните проекти, кофинансирање на услугите што ги даваат комуналните претпријатија и јавните установи, како и финансирање на трошоците на средните училишта на територијата на Скопје“,
се вели во соопштението од Градот Скопје.
Граѓаните можат да имаат увид во долгот, да ги преземат даночните и таксените решенија, како и да извршат електронска уплата на долгот преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.
Долгот можат граѓаните да го платат и на даночните шалтери на Град Скопје, секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13.12.2025 година.
За сите прашања, како што велат од Градот Скопје, граѓаните можат да се јават на следните телефонски броеви:
- за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и мејл-адресите: [email protected], [email protected],
- за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и мејл-адресата: [email protected],
- за комунална такса-фирмарина: 02/3297-314 како и мејл-адресата: [email protected], и
- за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како и на мејл-адресата: [email protected].
