Градските власти на Мариупол на социјалната мрежа Телеграм објавија видео за кое, како што тврдат, покажува нова масовна гробница за која велат дека има тела на стотици цивили убиени од руските сили, пренесува Ал џезира.
На снимката се гледаат редови од набрзина ископани гробови, како и неколку вреќи за тела.
Градското собрание на Мариупол тврди дека новооткриената масовна гробница се наоѓа во близина на селото Винохрадне, 14 километри источно од Мариупол, каде што порано денеска сепаратистите одржале парада.
„Окупаторите го слават Денот на победата на коските на жителите на Мариупол“,
порачаа оттаму.
Русија засега не се огласи во врска со овие обвинувања.