Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов се заразил со коронавирусот. Тој ја сподели информацијата на својот фејсбук профил. Вели дека иако ги почитувал мерките за заштита, сепак денеска добил позитивен резултат.
„Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.Чувајте се и чувајте ги другите околу вас“,
објави Шилегов.

*поврзана вест: Ковид-19 во 24 часа: 11 починати, 185 новозаразени, 41 оздравени – направени 1 364 теста
*поврзана вест: Д-р Стевановиќ и д-р Баловски: Не е срамота да се разболиш, срамота е да криеш дека си болен и да организираш прослави