Мамдани, кој пред три дена го почна градоначалничкиот мандат, рече дека бил информиран за операцијата, како и за планираното затворање на Мадуро во федерален притвор во Њујорк

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, ја нарече операцијата на САД во која беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро „чин на војна“ и кршење на меѓународното и федералното право, пишува Си-ен-ен.
Мадуро и неговата сопруга, кои беа заробени преку ноќ во Каракас, се транспортираат во САД и се очекува авторитарниот лидер да биде задржан во федерален притвор во Њујорк, каде што се соочува со федерално обвинение.
Мамдани, кој пред три дена го почна градоначалничкиот мандат, рече дека бил информиран за операцијата, како и за планираното затворање на Мадуро во федерален притвор во Њујорк.
„Едностраниот напад врз суверена нација е чин на војна и кршење на федералното и меѓународното право. Оваа очигледна потрага по промена на режимот не влијае само на оние во странство, туку директно влијае и на жителите на Њујорк, вклучително и на десетици илјади Венецуелци кои го нарекуваат овој град свој дом“,
вели Мамдани.
I was briefed this morning on the U.S. military capture of Venezuelan President Nicolás Maduro and his wife, as well as their planned imprisonment in federal custody here in New York City.
— Mayor Zohran Kwame Mamdani (@NYCMayor) January 3, 2026
Unilaterally attacking a sovereign nation is an act of war and a violation of federal and…
Тој додава дека неговиот фокус ќе биде нивната безбедност, како и на секој жител на Њујорк, а вели и дека градската администрација ќе продолжи да ја следи ситуацијата и да издава релевантни упатства.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде што ќе се соочи со сериозни обвиненија за наркотероризам, а објави и фотографија на која венецуелскиот претседател е во американски притвор.
Главната обвинителка на Соединетите Американски Држави (САД), Пам Бонди, денеска соопшти дека Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се обвинети за повеќе кривични дела поврзани со дрога и оружје.
САД поднесоа обвинение против заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, во кое сега е вклучена и неговата сопруга Силија Флорес и синот.
Во обвинението поднесено во федералниот суд во Њујорк се вели дека повеќе од 25 години лидерите на Венецуела ги злоупотребуваа своите позиции на јавна доверба и ги корумпираа некогаш легитимните институции за да увезат тони кокаин во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција рече дека САД ќе ја водат Венецуела се додека не се направи разумна транзиција на власта, но не даде временска рамка за тоа колку долго би можела да трае таквата транзиција.
Тој заедно со државниот секретар Марко Рубио и претседателот на Здружениот генералштаб, генерал Ден Кејн, изнесоа детални информации за големата американска воена операција во која преку ноќ беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Поврзани вести:
- Венецуелските власти не знаат каде се наоѓаат Мадуро и неговата сопруга – бараат доказ дека се живи
- Мадуро е уапсен за да му се суди во САД – му рекол Рубио на американски сенатор
- Трамп потврди дека САД ја нападнале Венецуела: Мадуро е заробен и изнесен од земјата
- (ВИДЕО) Експлозии во главниот град на Венецуела, Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата
- Трамп наредил напади врз Венецуела, објави Си-би-ес њуз
- Мадуро и неговата сопруга се обвинети за повеќе кривични дела поврзани со дрога и оружје
- САД поднесоа ново обвинение против Мадуро, сопругата и синот
- САД ќе ја водат Венецуела сè додека не се направи „разумна транзиција на власта“, вели Трамп
- Над 150 авиони учествувале во операцијата за заробување на Мадуро, соопшти американскиот генерал Ден Кејн
