Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио денеска го укина полицискиот час во градот, еден ден порано од планираното.
Тој најави дека од утре во градот почнува првата фаза од повторното отворање, по рестриктивните мерки воведени со цел сузбивање на епидемијата на коронавирусот.
Полицискиот час беше воведен поради насилства, грабежи и оштетување на имот за време на протестите поради убиството на aфроамериканецот Џорџ Флојд.
Повеќе од десет дена во САД се одржуваат протести против полициската бруталност, но и против расизмот откако Флојд беше задушен при апсење од страна на поилициски службеници во Минеаполис.
Вчера се одржа и масовен протест во Вашингтон на улицата пред Белата куќа. Илјадници граѓани протестираат по паролата „Црните живот вредат“, а протестите веќе се проширија и во Европа.
Иако, првично протестите беа најавувани како мирни, ситуацијата ескалираше, по што послдниве два дена повторно се нормализира.