Руското Министерство за одбрана соопшти дека 14 беспилотни летала биле соборени над регионот Брјанск, а уште осум над регионот Белгород помеѓу 15:00 и 16:30 часот. Двете области граничат со Украина
Руските воздухопловни сили вчера соборија четири украински беспилотни летала испратени кон Москва, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Три московски аеродроми – Домодедово, Внуково и Жуковски накратко ги прекинаа летовите, кои подоцна беа обновени, објави руската воздухопловна управа Росавјацја.
Властите претходно соопштија дека привремено ги прекинале сите летови до и од аеродромот во градот Калуга, околу 200 км југозападно од Москва.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 14 беспилотни летала биле соборени над регионот Брјанск, а уште осум над регионот Белгород помеѓу 15:00 и 16:30 часот. Двете области граничат со Украина.
Подоцнежен извештај од министерството наведува дека 26 украински беспилотни летала биле уништени од 17:00 до 20:00 часот, од кои 20 биле над регионите Курск и Брјанск.