Тој за медиумите дал изјава од непозната локација надвор од градот во која тврди оти улиците се прекриени со мртви тела. Притоа, посочил дека во Мариупол сè уште има околу 120 илјади цивили кои имаат итна потреба од вода, храна, лекарства
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу кои и од опколениот град Мариупол, но само со приватни автомобили
Градоначалникот на опколениот град Мариупол, Вадим Бојченко, за новинската агенција Асошиејтед прес синоќа изјавил дека најмалку 10 000 цивили загинале во јужниот пристаништен град од почетокот на војната, пренесе Би-би-си.
Тој за медиумите дал изјава од непозната локација надвор од градот во која тврди оти улиците се прекриени со мртви тела.
Притоа, посочил дека во Мариупол сè уште има околу 120 илјади цивили кои имаат итна потреба од вода, храна, лекарства.
Како што пренесува Би-би-си, Бојченко, исто така, истакнал оти добил извештаи за Руси кои ги собираат телата и ги чуваат во ладилници во огромен трговски центар во градот.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема оружје неопходно за ослободување на Мариупол, кој беше блиску до освојување од руските сили.
„Ако добиеме авиони и доволно тешки оклопни возила, потребната артилерија, ќе можеме да го направиме тоа“,
истакна Зеленски во синоќешното видеообраќање и додаде оти е сигурен дека Украина ќе добие сè што ѝ е потребно.
Борбите за Мариупол, кој е стратегиски важен град поради неговата локација на Азовското Море, се водат повеќе недели.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу кои и од опколениот град Мариупол, но само со приватни автомобили.
Пет од деветте коридори за евакуација се од областа Луганск, за што украинските власти тврдат дека е под силно гранатирање.
Вкупно 4 354 лица вчера беа евакуирани од украинските градови преку хуманитарните коридори, објави Верешчук на Телеграм. Меѓу нив има 556 лица кои вчера беа евакуирани од пристанишниот град Мариупол.