Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, ветува дека доколку биде резизбран на локалните избори ќе формира независна лондонска комисија за лекови која ќе треба да ги испита бенефитите од декриминализација на канабисот.
Како што пренесува Гардијан, Кан најавил дека ако ги добие изборите на 6 мај, ќе формира комисијата која ќе има за задача да ги разгледа потенцијалните придобивки од декриминазлизација на канабисот од повеќе аспекти и тоа од здравствени, економски, но и од аспект на борба против криминалот.
Тој верува дека во јавноста постои солидна поддршка за ваков чекор и се повикува на анкети кои покажале дека половина од граѓаните на Велика Британија, но и повеќе од две третини од жителите на Лондон се за легализација на канабисот за рекреативна употреба.
Кан ја отфрла можноста за декриминализација на дрога од класа А, како што се хероинот и кокаинот, но е подготвен да размисли за легализација на канабисот, доколку тоа го одлучи независната комисија.
