Русија во изминативе неколку недели распоредува војници долж границата со Украина

Градоначаникот на Киев, Виталиј Кличко, предупредува на руска инвазија на Украина, откако од претходно и САД предупреди дека Русија подготвува напад, иако Кремљ ги негираше сите овие информации.
„Ние во цела Украина чекаме рускиот претседател Владимир Путин да издаде наредба за почеток на војна“,
предупреди поранешниот боксер во разговор за германски „Билд“.
„Како војник еднаш се заколнав дека ќе ја бранам оваа земја и сега сум подготвен да се борам за својата татковина“,
истакна градоначалникот на украинската престолнина.
Русија во изминативе неколку недели распоредува војници долж границата со Украина, што предизвика страв од евентуална инвазија.
Како резултат на тоа, Кличко повика на итна меѓународна помош.
„Ние сме една европска земја, на која повеќе од кога било и е потребна европската поддршка“,
вели Кличко за „Билд“.
Според неодамнешните информации на НАТО во јавноста, Русија има помеѓу 75 000 и 100 000 војници во близина на украинската граница.