По несреќата, на местото каде што се случила увид извршиле полициски екипи и овластени лица од Државниот инспекторат за труд

Државјанин на Република Албанија починал откако се здобил со тешки повреди при изведување градежни работи во селото Баланци, Општина Центар Жупа, информираат од СВР Охрид.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, станува збор за 41-годишен жител од Пешкопеја.
„Вчера во 16:20 часот, во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека, Т. Д. (41) од Пешкопеја–Република Албанија, при изведување градежни работи во селото Баланци, Општина Центар Жупа, се здобил со тешки телесни повреди и починал“,
вели Димовски.
По несреќата, на местото каде што се случила увид извршиле полициски екипи и овластени лица од Државниот инспекторат за труд.
