Паралелно со интервенцијата, на терен се присутни и инспекциски служби на Град Скопје, додека за случајот се известени Министерството за внатрешни работи (МВР), Државниот инспекторат за животна средина и Јавното обвинителство
Пожар избувна денеска во скопско Визбегово, во близина на обиколницата, каде според информациите од Град Скопје, гори на приватен имот на кој се складирани стари автомобили.
Од градската управа информираат дека скопската противпожарна бригада веднаш излегла на терен и интервенира со сите расположливи возила, опрема и човечки ресурси за локализирање и гаснење на пожарот.

Паралелно со интервенцијата, на терен се присутни и инспекциски служби на Град Скопје, додека за случајот се известени Министерството за внатрешни работи (МВР), Државниот инспекторат за животна средина и Јавното обвинителство.
Надлежните апелираат до граѓаните на смиреност, внимателност и почитување на препораките од службите, додека институциите координирано постапуваат за ставање на пожарот под контрола и заштита на населението.
Од Град Скопје најавуваат дека ќе се утврдува и одговорност за настанатата состојба, посочувајќи дека нема да се толерира несовесно однесување и создавање диви депонии што го загрозуваат јавното здравје и животната средина.
„Секој што го загрозува јавниот интерес, мора да сноси одговорност!“,
додаваат од градската управа.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека денеска избувна пожар на плац на улицата „1675“ број 24 во скопската општина Шуто Оризари.
Според пријавата за пожарот, примена преку бројот 112, запалена е машина за мелење железо.
Надлежните посочија и оти е избегната дополнителна опасност бидејќи плацот каде што избувнал пожарот е ограден со ѕидови.
