ВМРО-ДПМНЕ обвини дека тендери добивала фирма на сопругот на сестрата на секретарот на Град Скопје
ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери, се наведува во денешната реакција на Градот Скопје на прес-конференцијата на опозициската партија на која обвини дека тендери добивала фирма на сопругот на сестрата на секретарот на Град Скопје.
Во реакцијата се наведува дека се рботи за лажни вести од опозициската партија, при што од Градот испраќаат линк каде, како што наведуваат од Град Скопје може да се види дека наведената фирма склучувала договори и во поголеми износи пред доаѓањето на актуелната градска администрација
„Наведената фирма во денешната нивна прес-конференција е специјализирана за набавка на ХТЗ опрема за што потврдуваат и набавките на Град Скопје и пред доаѓањето на оваа администрација“,
се истакнува во соопштението.