Според досегашните искази на сведоци во случајот, Трајковски и таткото на убиеното 14-годишно девојче, Александар Ѓорчевски, воделе паралелна истрага со онаа на полицијата по исчезнувањето на Вања. Прибирале и гледале снимки од камерите за видеонадзор од околните објекти каде што се движело девојчето
Сведокот Гоце Трајковски нема да сведочи на денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, информираат од Јавното обвинителство на РСМ.
Денешното рочиште, како што додаваат оттаму, ќе продолжи со прикажување видеоснимки како докази од страна на Обвинителството. Доколку заврши со изведувањето на доказите, по завршувањето на рочиштето, изјава ќе даде јавната обвинителка Ана Стојковиќ-Димитровска.
Гоце Трајковски е еден од клучните сведоци во случајот со грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Тој требаше да се појави на рочиштето на 15 ноември минатата година, но неговата мајка Кираца Трајковска, во разговор со судијата, кажа дека не можел да се јави на судската расправа поради здравствени причини – имал паничен напад и висок крвен притисок.
Според досегашните искази на сведоци во случајот, Трајковски и таткото на убиеното 14-годишно девојче, Александар Ѓорчевски, воделе паралелна истрага со онаа на полицијата по исчезнувањето на Вања. Прибирале и гледале снимки од камерите за видеонадзор од околните објекти каде што се движело девојчето.
Инаку, Трајковски е осомничен за палење на угостителски објект во скопска Кисела Вода и до минатата недела не беше достапен за органите на прогонот. Во четвртокот самиот ѝ се предал на полицијата.