РКЕ донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,6 отсто во однос на Одлуката од 23 март
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за по три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
„РКЕ донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,6 отсто во однос на Одлуката од 23 март“,
соопштија вечерва од Комисијата.
Согласно одлуката, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,571 ден/кг и сега ќе изнесува 55,163 ден/кг.
Од 25 март максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,00 (денари/литар)
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС 55,163 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,944 отсто, кај дизелот за 5,650 отсто, кај екстра лесното масло за 5,694 отсто и кај мазутот за 3,588 проценти.
Од РКЕ велат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,059 проценти. Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.3.2022 година и потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.