Под контрола се пожарите во скопско Трубарево, во депонијата „Дрисла“ и на делчевската депонија „Острец“
До 18 часот регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои по три се активни и ставени под контрола, а 17 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Гори на три локации, и тоа кај скопското село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија.
Под контрола се пожарите во скопско Трубарево, во депонијата „Дрисла“ и на делчевската депонија „Острец“.