Во државата има само еден активен пожар. Нема пожари што се ставени под контрола, ниту изгаснати
Од попладнево на територијата на државата има еден активен пожар на отворено, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Гори депонијата во Вардариште во скопската општина Гази Баба.
И утрово, според информациите на ЦУК, немаше активни пожари во државата. Немаше ниту пожари под контрола, а изгаснати беа вкупно 11.