„Направете го изборот што го заслужувате вие, вашите деца и генерациите што доаѓаат“, порача кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
Денес е празник на демократијата, ден кога гласот на секој граѓанин има сила да ја обликува иднината – порача кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по гласањето на локалните избори.

„Ве повикувам да излезете масовно, да го остварите своето право на глас и да го направите изборот што го заслужувате вие, вашите деца и генерациите што доаѓаат“,
порача Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.
Додава дека Скопје заслужува визија, развој и сигурна иднина.
„Скопје го заслужува најдоброто!“,
вели Ѓорѓиевски.