Градоначалникот на Скопје вчера го објави официјалниот старт на првата фаза на градежните активности на булеварот „Македонија“ кај хотел „Лимак“ во центарот на Скопје
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави видео како би изгледал булеварот „Македонија“, чија прва фаза од изградбата започна вчера, а се очекува да биде реализирана во рок од 90 дена.

„Град Скопје со визија и посветена работа ги испишува нивите страници на една убава, достоинствена и горда историја“,
пишува Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
Претходно вчера, Ѓорѓиевски го објави стартот на првата фаза на градежните активности на булеварот „Македонија“ кај хотел „Лимак“ во центарот на Скопје со што, како што рече, главниот град е чекор поблиску до својата прва подземна сообраќајница. Најави дека неделава треба да биде распишана тендерската постапка за втората фаза од изградбата, а целата сообраќајница очекува да биде завршена до крајот на неговиот мандат.
