„Наследството од Петре Шилегов и Данела Арсовска изнесува 2,9 милијарди денари во активни судски постапки. На 08.11.2025 година јавните претпријатија немаа земено плата за месец септември. Тоа беше директен удар врз Буџетот на Град Скопје и врз достоинството на вработените“, напиша Ѓорѓиевски на својот фејсбук-профил
Денес го носиме Буџетот за Град Скопје за 2026 година, но мора отворено да зборуваме и за реалноста што ја наследивме, еден од најкатастрофалните квартални извештаи во историјата на градот, од времето на Петре Шилегов и Данела Арсовска. За девет месеци се реализирани приходи од 2 856 417 717 денари, што значи просек од само 317 379 746 денари месечно. И во претходните години состојбата била слична, а често и полоша. За споредба, за само 40 дена реализиравме приходи од 659 493 349 денари, речиси двојно повеќе од кој било месечен резултат во минатото, напиша градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот фејсбук-профил.

„На сметката на Град Скопје наследивме поразителни 40 милиони денари. Веќе првиот работен ден од мојот мандат не дочека извршно решение за наплата од 48 милиони денари, плус дополнителни 3 милиони денари по основ на спогодби. Наследивме презадолжени и девастирани јавни претпријатија и културни установи. Наследивме хаос во образованието, каде со години не било направено ништо суштинско“,
наведува Ѓорѓиевски во објавата.
Во овој квартален извештај, додава тој, се прикажани само доспеаните долгови и кредитите евидентирани во сметководството на Град Скопје. Не се опфатени недоспеаните обврски, ниту најтешкиот товар, тужбите.
„Наследството од Петре Шилегов и Данела Арсовска изнесува 2,9 милијарди денари во активни судски постапки.
потенцира Ѓорѓиевски.
На 08.11.2025 година јавните претпријатија немаа земено плата за месец септември. Тоа беше директен удар врз Буџетот на Град Скопје и врз достоинството на вработените. Некој си поигрувал со нивните судбини. Со ребалансот на Буџетот овозможивме сите јавни претпријатија да ги добијат заостанатите плати. Само во ЈП ‘Паркови и зеленило’, поради законскиот лимит, успеавме да ги исплатиме сите придонеси за платата за ноември и една и пол нето плата“,
Тој посочи дека покрај речиси 200 милиони денари обезбедени за плати, наследени биле и тековни обврски кон добавувачи во износ од 330 милиони денари.
„Денес тие се намалени на 236 милиони денари. За само 40 дена направивме повеќе во образованието отколку што некои не успеале во цел мандат. Градиме спортски терени во шест средни училишта, обезбедуваме прочистувачи на воздух за секоја училница, нова ИТ-опрема, смарт табли, лаптопи, нови клупи и столчиња, како и опрема за информатичките кабинети. Обезбедивме средства за Луна паркот, проект кој со години беше само празно ветување. Обезбедивме средства и за првата фаза од првата подземна сообраќајница кај ‘Лимак’, обезбедивме средства за кружниот тек во Ѓорче Петров“,
напиша Ѓорѓиевски.
Тој нагласи и дека го исчистиле Скопје, а истовремено и го украсиле, давајќи му на градот новогодишен дух.
