Покрај дигитализацијата на главниот град, Советот на Град Скопје и јавните претпријатија, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ навести и посебен фокус на младите со проекти за изградба на диско-зона како и ослободување од комуналии за младите брачни парови
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави дека главниот град целосно дигитално ќе се трансформира и ќе стане првиот град во државата кој ќе биде целосно дигитален. Дигиталната трансформација на градот, како што рече, ќе се врши преку 17 проекти од оваа област.
„Ќе формираме посебна организациона единица ‘Смарт Центар’ која ќе биде срцето на дигиталната трансформација и преку која ќе се координираат сите проекти за дигитализација на градот, односно воведување на паметен град, овозможувајќи дигитално управување со транспортот, отпад, јавни ресурси и услуги преку податоци и анализи во реално време. Ќе воведеме ‘Документ менаџмент систем’ за сите админстративни процеси да се дигитализираат – прием на предмети до нивно решавање, со јасен дигитален траг за секој документ“,
изјави Ѓорѓиевски.
Најави дигитализација на сите регистри кои ги води Град Скопје – регистрите за движен и недвижен имот, за урбанистички планови, за туризам, за авто-такси превоз, имиња на улици, плоштади итн. податоците ќе бидат точни поврзани и достапно, со можност на онлајн плаќање и јавна отчетност.

Преку проектот „Е-даноци“ ќе се модерницира процесот на локално оданочување, решенијата за данок на промет ќе се издаваат за пет работни дена, а даноците ќе може да се плаќаат електронски.
Со проектот „Е-адреса“, пак, како што рече Ѓорѓиевски, ќе се изврши мапирање на улиците и објектите, секој објект ќе добие видлив број, секоја улица матичен број, правилен назив и кју-ар код со можност граѓаните да добијат електронска потврда за точната адреса. Со проектот „Е-извод од ГУП“, додаде тој, секој извод од Генералниот урбанистички план ќе биде достапен дигитално со електронски потпис и печат.
„’Skopje city go’ ќе биде единствена картичка за сите градски услуги – јавен превоз, паркинг, билети за култура и спорт со попусти и бесплатни услуги за учениците, пензионерите, невработените и лицата со попреченост. Преку проектот ‘All Skopje’ со помош на вештачка интелигенција ќе ги оптимизираме сообраќајот, јавниот превоз, безбедноста и еколошките показатели, а учениците, лицата со попреченост и целото население ќе добијат дигитална поддршка и персонализирани решенија“,
Тој најави и дигитална платформа за културно наследство која, како што рече, ќе интегрира 3Д-реконструкции, виртуелни тури и дигитални архиви на културното богатство на Скопје достапни за граѓаните и туристите.
Покрај дигитализацијата на главниот град, Ѓорѓиевски најави и дигитализација на Советот на Град Скопје и јавните претпријатија во надлежност на градот кои, како што рече, ќе работат преку електронски седници, а материјалите, гласањето, дискусиите и записниците од седниците ќе бидат електронски и достапни до јавноста.
Ѓорѓиевски најави и посебен фокус на младите.
Рече дека ќе се воведе мерка за ослободување од комуналии за младите брачни парови, програма за задолжително младинско вработување во Скопје за намалување на невработеноста и поттикнување на економскиот раст, како и проект за поддршка на младите младите занаетчии и средните занаетчиски училишта.
За враќање на ноќниот живот во Скопје, Ѓорѓиевски најави диско зона со која, како што рече, ќе се создадат специјализирани зони за летни дискотеки и ноќни клубови надвор од центарот на градот со цел да се намали метежот и притисокот во централниот дел на градот и ноќен развој и ревитализација на периферијата.
„Дигитални станбени хабови ќе понудат централни локации со зелени зони, места за кокреација и дигитлни иновации, поврзани со јавен транспорт додека, пак, проектот ‘Паметно семејство’ ќе создаде станбени зони за млади брачни парови и повратници од стрнаство со засилена социјална и дигитална инфраструра. Со проектот ‘Паметен пазар на недвижности’ сите достапни станови и деловни простори ќе бидат јавно објавени на градскиот порал овозможувајќи транспарентност точни информации за цените и достапност за младите“,
изјави Ѓорѓиевски.