Проектот финансиран од Град Скопје вклучува четири сообраќајни ленти (по 2 во секоја насока), централен зелен појас за зголемување на безбедноста, велосипедски патеки во двете насоки, нови тротоари, заштитно зеленило од страните и посебно уредени автобуски постојки

Градоначалниците на Град Скопје и на општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити денеска излегоа на теренски увид соопштувајќи ги плановите за модернизација на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Чаир.
Ѓорѓиевски и Меџити сооштија дека започна со реализација изградбата на булеварот, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри.
Велат дека таму ќе има четири сообраќајни ленти (по 2 во секоја насока), централен зелен појас за зголемување на безбедноста, велосипедски патеки во двете насоки, нови тротоари, заштитно зеленило од страните и посебно уредени автобуски постојки.
„Оваа инвестиција, финансирана од Град Скопје, претставува значајна додадена вредност за Чаир, подобрувајќи го сообраќајот, зголемувајќи ја безбедноста и приближувајќи ја општината кон стандардите на модерен, зелен и функционален град“,
се вели во соопштението од општина Чаир.
