Ѓорѓиевски во дебатата го праша Мециновиќ, кој е пратеник од Левица, дали ќе поднесе оставка по поразот в понеделник. Мециновиќ, пак, рече дека в понеделник можеби ќе биде победник

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва за време на дебатата со својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица на телевизија Канал 5, изјави дека не победил во првиот круг од локалните избори поради слабата излезеност на граѓаните но, како што рече, верува дека в недела, на 2 ноември, кога ќе се одржи вториот круг од изборите, граѓаните ќе излезат во поголем број и оти ќе победи.
Ѓорѓиевски истакна дека досега немало разлика од 60 000 гласа меѓу противкандидатите на локални избори во Градот Скопје, како што е разликата помеѓу него и Мециновиќ.
Ѓорѓиевски истакна дека е политиколог и доаѓа од приватниот сектор, како и дека е горд што е член на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ, пак, кажа дека студирал политички студии, но дека нема дипломирано, дека работел различни работи, меѓу другото, и како фриленсер и дека се гордее со тоа.
Ѓорѓиевски во дебатата го праша Мециновиќ, кој е пратеник од Левица, дали ќе поднесе оставка по поразот в понеделник. Мециновиќ, пак, рече дека в понеделник можеби ќе биде победник.
