Полицијата ќе поднесе соодветни пријави, велат од МВР

Вчера околу 20 часот и 30 минути полицијата привела две лица во Струга, кои на градската депонија гореле душеци и топеле бакарни жици со што предизвикале пожар.
„Полициски службеници од ОВР Струга, ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица од Струга, биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици при што, предизвикале пожар. Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави“,
соопшти полицијата.