Народот мора да ги победи овие политики што буквално и секојдневно ја убиваат Македонија, рече Ѓорчев

Во моментот, сега, денес, од Македонија се случува невидено иселување. Се случува невиден егзодус во историјата на Македонија. Ова на денешната прес-конференција го истакна Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорчев објави дека само во првото полугодие на оваа учебна година се испишани 150 деца од училиштата во Штип и Кочани.
„Во Куманово заминати се во странство 180 деца, нивни семејства и нивни родители. Од Тетово заминати се над 200 ученици. Во Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца. Ова е тажно, ова се ужасни бројки, ова е поразително“,
рече Ѓорчев.
Според него, ова се новите деца бегалци во историјата на Македонија.
„Ова се новите деца бегалци во историјата на Македонија како резултат на катастрофалните политики на Зоран Заев, Таче Ковачевски и Стево Пендаровски“,
додаде тој.
Тој рече дека Македонија мора да најде сила да ги победи овие политики.
„Народот мора да ги победи овие политики што буквално и секојдневно ја убиваат Македонија. Македонија мора да застане на нозе. Македонија мора да води исправна политика и Македонија треба да си ги чува децата таму каде што им е местото“,
нагласи Ѓорчев.
