Мандатот на Муареми заврши во април оваа година. Но тој, сепак, остана како в.д. директор на Финансиската полиција до неодамна кога си поднесе оставка. Ваквиот чекор на Муареми го става во директна корелација со решението на Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески, да ја суспендира шефицата на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска и да поведе дисциплински постапки против неа и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за начинот на кој го воделе предметот за Муареми и за претресот извршен во просториите на Финансиската полиција на 18 јули
Горан Иванов е назначен за в.д. директор на Управата за финансиска полиција, откако Владата претходно на седницата го разреши досегашниот Арафат Муареми, кој неодамна си поднесе оставка по случајот со претресот во оваа институција од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција.
Мандатот на Муареми заврши во април оваа година. Но тој, сепак, остана како в.д. директор на Финансиската полиција до неодамна кога си поднесе оставка.
Ваквиот чекор на Муареми го става во директна корелација со решението на Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески, да ја суспендира шефицата на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска и да поведе дисциплински постапки против неа и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за начинот на кој го воделе предметот за Муареми и за претресот извршен во просториите на Финансиската полиција на 18 јули.
„Имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување, по своја сопствена волја, се повлекувам од функцијата в.д. директор на Управата за финансиска полиција. Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“,
пишува Муареми во писмената изјава.