Најголемиот опозициски сојуз во земјата ги повика своите приврзаници да излезат на улиците на Варшава на „Маршот на милиони срца“
Две недели пред параламентарните избори во Полска, околу милион луѓе се собраа на митинг во Варшава на протест против владата на Полска.
Најголемиот опозициски сојуз во земјата ги повика своите приврзаници да излезат на улиците на Варшава на „Маршот на милиони срца“.
Ова е обид на Граѓанската коалиција, која е производ на поранешната владејачка партија Граѓанска платформа на Доналд Туск, да го продолжи успехот на сличниот митинг одржан во јуни. Протестот е поддржан и од левичарската унија Левица.
Полјаците на 15 октомври ќе гласаат на парламентарни избори. Во сите досегашни истражувања, владејачките националисти од Право и правда (ПиС), кои со земјата владеат од 2015 година, водат со поголема предност.
Според истражувањето на Институтот Ибрис од 27 септември, се предвидува дека владејачката партија ќе добие 35,1 отсто од гласовите и може да се надева на трет мандат.