Во пожарите се повредени и најмалку 10 лица, од кои две посериозно
Две лица загинаа во голем шумски пожар што вчера попладне избувна во јужните делови на Кипар.

Телата биле пронајдени од локалната полиција во изгорен автомобил на главниот пат што ги поврзува селата погодени од пожарот. Првото тело било пронајдено доцна синоќа од страна на припадниците на Цивилната одбрана, а второто рано утринава. Полицијата соопшти дека напорите за идентификување на телата е во тек.
Во пожарите се повредени и најмалку 10 лица, од кои две посериозно.
Големиот шумски пожар на Кипар проголта 100 квадратни километри пошумени ридови, уништи бројни домови и принуди евакуација на 14 села на јужната страна од планинскиот венец Троодос.
Кипар побара помош преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија за справување со огнените стихии, а на повикот се одѕва Шпанија, која се очекува да испрати два авиона во текот на денот.
Локалните власти велат дека сè уште е рано да се даде прецизен извештај за предизвиканата штета во пожарот.