Повеќе од 60 луѓе се повредени во пожарот, соопшти пожарникарската служба на Њујорк
Најмалку 19 лица загинаа, меѓу кои девет деца, во големиот пожар во зграда во Њујорк денеска претпладне по локално време, соопштија официјални лица.
Повеќе од 200 пожарникари дошле на местото на пожарот со пет возила, кои го гаселе пожарот што избил во дуплекс стан на третиот кат од зграда лоцирана во делот Тремонт во Бронкс, соопштија официјални лица. Повеќе од 60 луѓе се повредени во пожарот, соопшти пожарникарската служба на Њујорк.

Од нив 13 имаат повреди опасни по живот, јавува Еј би си Њуз.
Многу од загинатите биле на горните катови во моментот на пожарот, додаваат официјални лица, велејќи дека жртвите дишеле чад.

Драматичните фотографии кои можат да се видат на социјалните мрежи покажуваат како огнот избива од прозорците на становите, а пожарникарите почнале да добиваат повици нешто пред 11 часот по локално време од жителите на горните катови.
Approximately 200 FDNY members are operating on scene of a 5-alarm fire at 333 East 181 Street in the Bronx. There are currently 31 serious injuries to civilians. pic.twitter.com/yrTYwOfonH
— FDNY (@FDNY) January 9, 2022
Пожарот во меѓувреме е локализиран.
Пожарникарите пристигнале на местото на настанот во рок од три минути од првичниот повик и се соочиле со оган во ходниците. Тие го опишуваат пожарот како нешто досега невидено.
„Ова ќе биде еден од најлошите пожари на кои сме сведоци во поново време во градот Њујорк“,
изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, за новинарите.

Ова беше втор голем пожар во Бронкс за време на викендот. Во пожарот во делот Фордам Хајтс во Бронкс вчера рано наутро, е повреден еден пожарникар, а три семејства останаа без дом. Пожарот го предизвикала литиум-јонска батерија, соопштија официјални лица.
Вкупно 73 луѓе загинаа во пожарите во Њујорк во цела 2021 година.
Минатата недела во пожарот што избувна на вториот кат од една куќа во Филаделфија загинаа 13 лица, меѓу кои седум деца.