Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација Скопје“ доцна вечерва

Сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм во Влае е причината за поплавата во населбата, како и за тоа што во делови од градот вечерва снема вода, а на други места притисокот е намален.
Од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје соопштија дека голем дел од градот ќе остане без вода, а останатите со намален притисок, до отстранување на дефектот.
„Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности“,
објавија оттаму вечерва.
Граѓани на социјалните мрежи објавуваат дека вода веќе нема во Хром, Ѓорче, Влае, Карпош… додека во Центар и Аеродром значително е намален притисокот.
Претходно, порталот „24Info.mk“ објави видео од хаваријата во Влае.