Новиот прв светски рекет има 8 615, додека Ѓоковиќ 8 465 бода
Рускиот тенисер Данил Медведев е нов лидер на светската ранг-листа.
Здружението на тениски професионалци (АТП) денеска го објави најновиот поредок на најдобрите на кој по рекордни 361 недела првото место го загуби Србинот Новак Ѓоковиќ.
Новиот прв светски рекет има 8 615, додека Ѓоковиќ 8 465 бода.
Во топ 10 тенисери на светот уште се: Александар Зверев (7 515 бодови), Рафаел Надал (6 515), Стефанос Циципас (6 445), Андреј Рублев (5 000), Матео Беретини (4 928), Каспер Руд (3 915), Феликс Оже-Алиасим (3 883) и Хуберт Нуркач (3 496).