Оставката следуваше и покрај првичното инсистирање на Белата куќа, Ландер да остане на својата позиција и да примени корективни мерки во обид да обезбеди подобра работна средина
Ерик Ландер, главниот советник за наука на американскиот претседател Џозеф Бајден, поднесе оставка по извештаи за вознемирување подредени лица.
Оставката следуваше и покрај првичното инсистирање на Белата куќа, Ландер да остане на својата позиција и да примени корективни мерки во обид да обезбеди подобра работна средина во американската Канцеларија за наука и технологија, пренесува порталот „Политико“.

„За мене беше голема чест да служам како ваш советник за наука и да работам со моите исклучително талентирани колеги во Канцеларијата за наука и технологија (OSTP)“,
напиша Ландер во писмото со оставка до претседателот.
Тој додаде дека неговата оставка ќе стапи во сила најдоцна до 18 февруари за да се овозможи правилен трансфер.
„Погоден сум од болката што им ја нанесов на моите поранешни и сегашни колеги со начинот на кој зборував со нив“,
додава тој во писмото.