Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица – 514, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица, Заводот за заштита и рехабилитација во Банско и Дом за стари лица во Струмица
Вкупно 2 019 болни и изнемоштени лица денеска гласаат за избор на градоначалници и членови на советите на локалните избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион – Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица – 514, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица, Заводот за заштита и рехабилитација во Банско и Дом за стари лица во Струмица. Утрово од 8 часот почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.
Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без проблеми.
Во Општина Ново Село се пријавени 400 болни и изнемоштени лица, Босилово – 232, Гевгелија – 213, Валандово – 83, Василево -162, Радовиш – 155, Конче – 74, Дојран – 57, Богданци – 129 избирачи.
Во Избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147 044 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.