Полициски службеници од Крива Паланка, вчера на 13 мај, сопреле автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски таблички и побарале да извршат рутинска контрола над возилото.
При проверката тие констатирале неправилности на возилото, а возачот О.М. (29) одбил да ги потпише документите. Со него во возилото биле и Г. Ѓ од село Ждилово и Х.С. од Крива Паланка. Во еден момент Г.Ѓ. почнал да ги омаловажува полицајците и се јавил на неговата ќерка Ј.Ѓ. на која ѝ рекол да донесе бензин.
Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што возачот на голфот, О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело.
Била повикана екипа на територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а лицата биле приведени со полициската станица во Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
