Една соработничка рече дека е поразувачко однесувањето на Германците и дека има впечаток дека германската влада се грижи само бројот на луѓе што доаѓаат во Германија да биде што е можно помал
Германската влада објави дека Авганистанците, кои работеле како соработници на Бундесверот, ќе ги префрли во Германија. Во исто време, владината агенција за развојна помош ГИЗ им нуди на своите помошници премија за да останат во Авганистан, објави.
Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), кое е владина агенција за развојна помош, го претстави својот концепт за заштита на германските помошници во Авганистан.
На оние што не нема да ја напуштат земјата, Друштвото ќе им плати однапред годишна плата, иако овие луѓе веќе немаат работа. Германското Министерство за развој нагласува дека тоа не треба да се сфати како каков било притисок врз поранешните помагачи да останат во Авганистан.
„Од правни причини, сепак, овие луѓе мора да гарантираат дека нема да се пријават за програмата за пренесување локални помошници во Германија. Меѓутоа, доколку се премислат, особено во случај ако се смени безбедносната ситуација, секогаш може повторно да бидат ставени на списокот“,
изјави портпаролот на Министерството.
Според „Шпигел“, неколку помагачи на ГИЗ остро ја критикуваат оваа постапка. Една соработничка рече дека е поразувачко однесувањето на Германците и дека има впечаток дека германската влада се грижи само бројот на луѓе што доаѓаат во Германија да биде што е можно помал.
ГИЗ наведува дека до смената на власта во Авганистан имало уште 1 100 соработници на таа организација. Помошниците на Бундесверот не треба да бидат вклучени во тој број. Колку локални жители всушност работеле за Германија? Нема точни податоци за тоа. Пред неколку дена, кандидатката на Зелените за канцеларка, Аналена Бербок, изјави дека 50 000 Авганистанци мора да бидат префрлени од таа земја во Германија.
Министерството наведува дека, според важечките прописи, на локалните помошници им е дозволено да ги земат со себе сопружниците и малолетните деца.
ГИЗ ги прекина своите активности во Авганистан кога Талибанците ја презедоа власта таму. Сепак, сѐ 0уште има многу хуманитарни организации во земјата кои работат на сопствен ризик, на пример, за снабдување на загрозеното население со храна, пишува во својот текст Дојче веле.