Шолц сега ќе оди во палатата Белви во Берлин за да побара од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да го распушти парламентот и да распише општи избори
Германскиот Бундестаг денеска му изгласа недоверба на канцеларот Олаф Шолц откако минатата недела тој поднесе барање за гласање доверба на владата во парламентот.
Шолц доби поддршка од 207 од 733 пратеници во Долниот дом на парламентот, 394 пратеници гласаа против, а 116 од нив беа воздржани. За опстанок на владата на Шолц беа неопходни 367 гласови.
„Дојдовме до крајот на агендата, но и до крајот на семафор коалицијата“,
изјави претседателката на Бундестагот Бербел Бас, користејќи го прекарот на сега веќе распуштената тричлена владина коалиција.
Шолц реагираше на резултатите со насмевка, ракувајќи се со вицеканцеларот Роберт Хабек.
Шолц сега ќе оди во палатата Белви во Берлин за да побара од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да го распушти парламентот и да распише општи избори.
Вонредните избори кои треба да се одржат во февруари 2025 година, треба да ја извлечат Германија од политичката криза.