Дрогата била спакувана во неколку пакети и сместена во скриен бункер, а 41-годишен македонски државјанин, кој управувал возило „ситроен“, е уапсен
Дваесет и три килограми кокаин, со пазарна вредност од неколку милиони евра, се запленети од службеници на граничната полиција во Линдау и граничната полициска станица на автопатот А7 во близина на тунелот Фисен, кој ги поврзува Австрија и Германија.
Дрогата била спакувана во неколку пакети и сместена во скриен бункер, а 41-годишен македонски државјанин, кој управувал возило „ситроен“, е уапсен.
При проверката на автомобилот на македонскиот државјанин во вторникот, полицајците во багажникот откриле специјално направен бункер за шверцување. Во него имало околу 23 килограми кокаин и готовина, соопштија од германската полиција.