Украина во последните недели ги интензивираше апелите да ѝ се испраќа оружје откако Москва ги засили нападите на истокот од земјата, а по неуспехот да го заземе Киев
Германија ќе ја снабдува Украина со систем за воздушна одбрана IRS-T, информираше германскиот канцелар Олаф Шолц, по молбата на Киев и германските опозициски странки да се интензивира доставата со тешко вооружување.
Шолц рече дека Германија од почетокот на војната постојано доставувала оружје, односно укажа дека од 24 февруари кога Русија ја започна воената инвазија во Украина, Германија испратила 15 милиони куршуми, 100 000 гранати и над 5 000 противтенковски мини.
„Во најскоро време владата одлучи да го достави најмодерниот систем за воздушна одбрана што Германија го има во форма на IRS-T“,
изјави Шолц пред членовите на Бундестагот, пренесе Ројтерс.
Реагирајќи на критиките во парламентот, Шолц во своето обраќање рече дека неговата влада одговорила на нападот на Русија со големи измени во германската политика, така што донеле одлука да испрати тешко оружје во воената зона.
Украина во последните недели ги интензивираше апелите да и се испраќа оружје, откако Москва ги засили нападите на исток во земјата, , а по неуспехот да го заземе Киев.
Шолц рече дека се продолжени и разговорите со германските партнери за тоа како дополнително ќе се вооружува Украина за да се одбрани од Русија.